Ниските цени на металите загрижуваат

25.11.2015 17:31

Преполовувањето на берзанските цени на металите ја доведе во прашање рентабилноста на домашните рудници. Цената на производство е поголема од продажната. Бизнис – секторот бара надлежните да направат напори да се рестартира производството во Злетово и во Тораница и да се најде нов инвеститор...

Рударската фела во земјава бара што побрзо рестартирање на двата рудника со кои до неодамна управуваше компанијата „Индоминерали“. Во спротивно рудниците кои се со подземна експлоатација би претрпеле сериозни оштетувања, а стручниот кадар ќе си замине надвор од земјава.

Од државата се бара во иднина да прави почести контроли, како фирмите ги користат доделените концесии за рудници и дали се реализираат договорените вложувања во нив.

Намалувањето на берзанските цени на металите сериозно ги загрижува рудниците. Бакарот се тргува за 4.500 долари по тон, никелот се симна на 8.500, а оловото и цинкот на само 1500. Овие цени ја доведуваат во прашање рентабилноста во работењето. Производната цена е пониска од продажната, а во најтешка ситуација се рудниците со најсиромашни руди.

Засега на рака на рудниците им оди растот на американската валута, бидејќи увозните  репроматеријали ги купуваат во евра. Сите рудници 2015-та ќе ја завршат успешно, но ќе имаат тежок старт во 2016-та. Забавениот раст на Кина и намалената глобална  побарувачка ќе потраат, а повисоки цени на металите се предвидуват за 2018-та.


Свето Николовски