Субвенции за органско производство

26.11.2015 10:22

Крајот на овој месец е пријавувањето за финансиската подршка за органското производство. Овие земјоделци имаат од 30 до 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери...

Органското производство се субвенционира со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците и со дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.

Годинава органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 70, а лозарите и овоштарите за 100 проценти.

Половината од трошоците за сертификатот за органски производи ги покрива државата.

По 3.500 денари за хектар следуваат и за зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за плодоред.

Методија Трајков