Средба Груевски- Кечијанг: Конкретни проекти за економска соработка

26.11.2015 10:15

Ги реафирмиравме нашите заложби за понатамошна одлична соработка на сите полиња. Може од оваа средба да излезат многу нови соработки, многу нови проекти- изјави премиерот Груевски по средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг...

Во Пекинг средба на премиерот Груевски со неговиот кинески колега Ли Кечијанг. Во фокусот на разговорите, конкретни проекти за соработка.

„Предадовме шест конкретни проекти, ставени на хартија, со добра анализа со сите најпотребни информации, со цел тие да ги изанализираат пред да не контактираат повратно. Ги реафирмиравме нашите заложби за понатамошна одлична соработка на сите полиња, така што можам да кажам дека средбата беше успешна и значајна за нас. Може од оваа средба да излезат многу нови соработки, многу нови проекти. Ние ќе продолжиме со нив да комуницираме за сите овие проекти и идеи кои можат да бидат добри за продлабочување на нашата економска соработка со Народна Република Кина“, изјави премиерот Никола Груевски. 

Македонија очекува, Кина да продолжи финансиски да ја поддржува реализацијата на инфраструктурните проекти.