Оланд и Меркел: Деескалација на тензиите меѓу Турција и Русија
26.11.2015 10:35
Оланд којшто вчера во Елисејската палата ја прими во посета германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека е потребно да се стори се што е можно за што побрзо да се обнови дијалогот меѓу Русија и Турција...

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција сака да види деескалација во односите меѓу Русија и Турција по инцидентот со соборувањето на рускиот авион.
Оланд којшто вчера во Елисејската палата ја прими во посета германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека е потребно да се стори се што е можно за што побрзо да се обнови дијалогот меѓу Русија и Турција.
Меѓудругото, ја повика Германија да стори повеќе во борбата против Исламска држава.
