МВР: Досега издадени 281.575 потврди за азил
Најбројни се државјаните на Сирија-169.838, потоа Авганистан-65.388, Ирак-24.916, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 1.661 странски државјани, од кои 736 се од машки пол, 308 се од женски, 503 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на 114 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-842, на Авганистан–582 и на Ирак-237.
Досега потврди за азил добиле вкупно 281.575 странски државјани, од кои, 163.571 се од машки пол, 43.697 се од женски, 59.220 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.087 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија-169.838, потоа Авганистан-65.388, Ирак-24.916, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
