Специјалното Јавно Обвинителство изготви план за динамика на барање на предметите

26.11.2015 11:30

Предметите ќе ги бараат по одредена динамика, која не надминува 15 дена меѓу две барања, согласно итноста и обемноста...

Од Јавното обвинителство за гонење кривична дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат дека ја направиле анализата на доставените податоци од Јавното обвинителство и направиле план за работење на предметите.

Предметите ќе ги бараат по одредена динамика, која не надминува 15 дена меѓу две барања, согласно итноста и обемноста. Оттаму информираат дека веќе доставиле барања за 5 предмети: во првиот случај се истражува примање поткуп и злоупотреба на службена положба, во другиот – фалсификување исправа и повреда на избирачко право, од Битолското обвинителство се бара предметот за злоупотреба на службена положба, од Кумановското за неовластено прислушување и тонско снимање, а побаран е  и предметот што во јавноста е познат како „Пуч“.

Првите одлуки за надлежноста на обвинителство да постапува предметите се очекуваат до 16 дена од барањето на предметите. Од обвинителството велат дека новите простории можат да ги користат за сослушување сведоци и осомничени, но бараат разбирање од јавноста , бидејќи одредени информации биле сензибилни и нема да бидат соопштени.