Сибир: 15 жртви во хеликоптерска несреќа
26.11.2015 11:42
Во хеликоптерот се наоѓале 22 патника и три члена на екипажот. Леталото паднало на тешко пристапен терен, а трупот му е речиси целосно уништен...

Најмалку 15 луѓе загинаа во пад на хеликоптер МИ-8 во областа на Краснојарската област на истокот на Сибир. 10-мина преживеале, но се повредени.
Во хеликоптерот се наоѓале 22 патника и три члена на екипажот. Леталото паднало на тешко пристапен терен, а трупот му е речиси целосно уништен.
Во тек е евакуација на повредените.
