Тунис: Затворена границата кон Либија по нападите во главниот град
26.11.2015 12:01
Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот на автобусот со припадници на претседателската гарда...

Властите во Тунис во следните 15 дена ја затворија границата со Либија по самоубиствениот напад во главниот град во кој загинаа 13 лица. Туниската влада додаде и дека ќе се зајакне контролата на аеродромите и на пристаништата.
Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот на автобусот со припадници на претседателската гарда. Во соопштението објавено на интернет, се наведува дека екстремистот Абу Абдула Ел Туниси го извел нападот откако се инфилтрирал во автобусот и убил, како што велат, 30 отпадници.
Претседателот Есебси воведе вонредна состојба во земјата.
