Сирија: Погоден хуманитарен конвој, седум загинати
26.11.2015 12:04
Турската државна новинска агенција јави дека во нападот бил погоден хуманитарен конвој кој превезувал помош за бегалците во Азаз...

Најмалку 7 лица се убиени, а 10 ранети во воздушни напади на сирискиот град Азаз во близина на границата со Сирија. Турската државна новинска агенција јави дека во нападот бил погоден хуманитарен конвој кој превезувал помош за бегалците во Азаз.
Претходно Сириската опсерваторија за човекови права јави дека во тек се силни удари на Руските авиони врз градот.
