Кривична пријава за двајца стружани за кражба на дрва

26.11.2015 12:09

Изминативе два месеца против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-А, над селото Вишни...

Двајца жители на струшкото село Шум заработија кривична пријави. Се сомничат за кривично  дело „кражба на дрва“. Изминативе два месеца против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-А, над селото Вишни.

Тоа го направиле во својство на работници со договор за дело за  „Македонски шуми-Шумско стопанство Јабланица“ од Струга.

Биле ангажирани како секачи и дотурувачи на дрва. Делото го сториле за да прибават противправна имотна корист. Полицијата пронашла 32 метри просторни дрва.