Поголеми права за работниците

20.01.2014 11:59

Работниците и синдикатите добија поголеми права со измените на законите во оваа област, истакна премиерот Никола Груевски за време на обраќањето пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ денеска.

Груевски зборуваше за големите реформи направени во овој сектор. Наброи исполнети ветувања, но и важни мерки кои не беа ветени, а оставрени.

„Измените во законите донесоа поголеми права за работниците. Денес надоместоците за суспензија на вработените се поголеми, синдикатите имаат повеќе права и подобро работат, работникот доби поголема правна сигурност, работното време како и ноќната работа се правно утврдени. Во случај на неспособност за работа, работникот го добива надоместокот и после 30 денови отсуство од работното место. Жените добија поголема заштита на работното место. За прв пат се создаде закон против мобинг. Работниците сега мора да ја пишуваат и платата кога објавуваат оглас за вработување... “, истакна премиерот.

Следете го преносот во живо од обраќањето на премиерот Груевски на овој ЛИНК.