Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред 150 кинески компании

26.11.2015 13:08

Беа организирани и директни среди со петнаесетина кинески компании, кои веќе пројавиле интерес за соработка или пак инвестирање во земјава...

Во соработка со Фондацијата за инвестиции  на Народна Република Кина, владина делегација одржа презентација пред 150 компании, за можностите за инвестирање во Македонија.

Беа организирани и директни среди со петнаесетина кинески компании, кои веќе пројавиле интерес за соработка или пак инвестирање во земјава.

Истовремено со кинеските државни институции е склучен протокол, кој овозможува извоз на смрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар.