Бесплатни проекти за изградба на куќи
Покрај намалување на трошоците за градење, посочи министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, со оваа мерка ќе се намалат роковите за вадење одобрение за градење од причина што проектот е веќе познат на општината што го издава одобрението за градење.

Бесплатните проекти за изградба на типски куќи може да се подигнат од министерството за транспорт или од нивната веб страна. Достапни се за сите заинтересирани. Нема ограничување на локацијата за градба. Субвенционирањето е од 900 до 2.000 евра, со цел да се намалат трошоците и роковите за вадење одобренија.
Покрај намалување на трошоците за градење, посочи министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, со оваа мерка ќе се намалат роковите за вадење одобрение за градење од причина што проектот е веќе познат на општината што го издава одобрението за градење.
Тоа значи дека секој кој сака да гради куќа на пример од овој тип, ќе може од Министерството за транспорт да подигне готов проект и со него да поднесе одобрение за градење. Единствено инвеститорот ќе треба да изготви геодетски елаборат, појасни Мисајловски, истакнувајќи оти постои и можност да се направи корекција на основниот проект во зависност од сопствените желби и потреби на инвеститорот.
Според Мисајловски, со мерката за субвенционирање на проектите не сакаат да направат конкуренција на проектантските куќи, туку да им помогнеме граѓаните кои сакаат да заштедат во тек на градбата.
