Соработка меѓу армиите на Македонија и Косово

26.11.2015 13:21

Треба да споделуваме информации и да разменуваме искуства за трансформација на одбранбениот и безбедносниот систем. Ова е заедничката констатација по средбата на началникот на Генералштабот на АРМ, Методија Величковски и на неговиот колега од Косово, Рахман Рама...

Како соседни земји треба уште повеќе да ја продлабочиме  соработката на сите полиња во областа на одбрана. Треба да споделуваме информации и да разменуваме искуства за трансформација на одбранбениот и безбедносниот систем. Ова е заедничката констатација  по средбата на началникот на Генералштабот на АРМ, Методија Величковски и на неговиот колега од Косово, Рахман Рама.

„Сите иницијативи се дел од концептот „паметна одбрана“ што не е само на хартија, туку ние треба на наше ниво да го имплементираме, имајќи предвид дека малите држави немаат доволно ресусрси да развиваат цел спектар потреби за вооружените сили“, изјави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

„Добро е да бидеме дел од сите меѓународни иницијативи бидејќи Косово од географски аспект е многу блиску и добро е да имаме добрососедски и пријателски однос“, порача генералот Рама.

На средбата беше разговарано и за учеството на АРМ во новиот Центар за пребарување и спасување, кој е формиран во рамките на Косовскиот безбедносни сили. Беше оценето дека е потребно Косово да црпи искуства од АРМ за учеството во мировните мисии.