Откриена мрежа подземни тунели изградени од ИД

26.11.2015 13:25

Имало инсталирано електрична енергија, а имало и простории за спиење, е откриена под неодамна ослободениот ирачки град Синџар...

Британските медиуми обајвија дека мрежа тајни тунели шти ги изградиле припадници на Исламска Држава, во која имало инсталирано електрична енергија, а имало и простории за спиење, е откриена под неодамна ослободениот ирачки град Синџар.

Тунелите ги откриле припадници на курдските сили кои на почетокот на ноември го ослободија овој северозападен ирачки град од припадниците на ИД, откако тој повеќе од една година беше под контрола на сунитските екстремисти.

Во дел од тунелот се наоѓале залихи со муниција, вклучувајќи и чаури од американско производство и опрема за правење бомби.