За прв пат стентирање на периферни крвни садови на Битолската клиничка болница
Одделот за интервентна инвазивна кардиологија при Битолската болница за прв пат изврши стентирање на периферните крвни садови на нога. Интервенцијата е извршена во соработка и присуство на колегите од Скопје, кои пред три години под водство на проф. д-р Сашко Кедев помогнаа да започне стентирањето на коронарните крвни садови.

Во одделот за интервентно инвазивна кардиологија при Битолската клиничка болница за прв пат е извршено стентирање на периферните крвни садови на нога. Субспецијалистот кардиолог Ненси Лозанче, која интервенцијата ја изврши во присуство на скопските колеги вели дека освен стекнатото знаење преку сореботката со врвните македонски експерти за воведувањето на оваа метода придонесе и проектот на Министерството за ширење на ангеографските лабаратори. Со современата опрема дијагностицирањето е почесто.
„Верувајте чести се посебно кај оние кои боледуваат од дијабетис, атеросклероза и зголемен крвен притисок така да сега полесно се дијагностицираат и создадена е можност место со операција проблемот да се реши само со стентирање“, вели субспецијалистот кардиолог, Ненси Лозанче.
Се работи за поспецифичен зафат во одност на стентирањето на коронарните крвни садови, методата која во битолската болница се изведува над три години и има солидни резултати.
„До денес имаме интервенирана кај над 600 пациенти. Се надевам дека соработката и едукацијата со колегите од Скопје ќе продолжи, а со тоа ќе се зголемува и бројот на пациенти и интервенции“, вели битолскиот кардиолг Ненси Лозанче.
Следниот предизвик е што побрзо воведување и на методата за стентирање на каротидните крвни садови под менторство на проф. д-р Сашко Кедев.
Стевче Митревски
