Соработка на Македонија и Косово во одбраната

26.11.2015 15:20

Од хартија, регионалната соработка да се преточи во релани проекти, порака од средбата на началникот на Генералштабот на АРМ и командатот на Косовските безбедносни сили. Косовските кадети ќе се школуваат на Воената акдемија во Скопје...

Соработката меѓу Македонија и Косово во областа на одбраната и безбедноста треба да биде двонасочна улица, за да може двете земји поефикасно да придонесат за регионалниот мир и стабилност. Ова е заедничката оцена по средбата на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски со неговиот колега од Косово, Рахман Рама, командант на Косовските безбедносни сили.

На средбата Величковски и Рама разговарале за трансформацијата на АРМ, за искуствата од мировните мисии надвор од државата, како и за соработката во образованието.

Командантот на КБС посочи дека се разговарало и за можноста за соработка во областа на медицината и за кампот за обука на питомци.

За време на посетата на ГШ на АРМ, генерал Рама се сретна и со заменик-министерот за одбрана Иљми Селами.

 

Игор Панов