Метео: Утре врнежи од дожд и снег на планините

26.11.2015 15:41

Во јужните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни, локално ќе наврне до 30 литри на метар квадратен...

Утре во Македонија се очекува облачно време со врнежи од дожд и снег на планините каде ќе се формира снежна покривка.

Во јужните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни, локално ќе наврне до 30 литри на метар квадратен.

Поради спуштање на постуден воздух од север температурите ќе опаднат, а во западните делови и на некои повисоки места врнежите повремено ќе бидат од снег.

Какво време не очекува за викендот?

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска