Бесплатни проекти за куќи- заштеда за граѓаните кои планираат да градат

26.11.2015 16:00

Според министерот за транспорт и врски плановите се направени според сите градежни стандарди и параметри. Покрај намалување на трошоците за градење, со оваа мерка ќе се намалат и роковите за вадење одобрение за градба...

Од 900 до 2.000 евра заштеда за граѓаните што сакаат да градат куќа. Отсега им се достапни бесплатни проекти на објекти за домување. Станува збор за шест проекти на типски куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадратни метри.

Според министерот за транспорт и врски плановите се направени според сите градежни стандарди и параметри. Покрај намалување на трошоците за градење, со оваа мерка ќе се намалат и роковите за вадење одобрение за градба.

„Со мерката за субвенционирање на проектите не сакаме да направиме конкуренција на проектантските куќи, туку да им помогнеме на граѓаните кои сакаат да заштедат во тек на градбата“, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Готовите проекти се достапни на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски. Проектот кој ќе се одвива во следниве години се очекува дополнително да го стимулира градежниот сектор.

Сунчица Николоска