Дискриминацијата - најпрепознатлива кај работните односи
Дискриминацијата во Македонија е најпрепознатлива кај работните односи. Правата се кршат по основа на пол, возраст, етничка или верска припадност, хендикеп. Во последно време работите се придвижуваат напред, велат надлежните, се слуша гласот на граѓаните, но потребно е да се работи со заеднички сили...

И во 21 век во Македонија поради бојата на кожата на некои луѓе не им е дозволено да влезат во ресторани, клубови, и на базен. По кражба во еден од трговските центри во Скопје сите Роми биле избркани, се сомневале дека некој од нив го сторил тоа дело. На ова се жалеле граѓани во Комисијата за заштита од дискриминација. Листата на поплаки е разновидна.
Од Комисијата велат дека во земјава мора да има квоти за да се исполнат нечии човекови права. Добрите практики на антидискриминација Македонија ги учи од Австрија.
Познавачите велат дека иако Македонија има системи, закони, потпишани конвенции, недостасува нивно реализирање во практиката, на што укажуваат стотина претставки кои годишно пристигнуваат во Комисијата за заштита од дискриминација.
Наташа Јанчиќ
