Образование

Владата ќе формира Фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји

20.01.2014 12:26

Владата подготвува фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји

Владата подготвува фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, со што во претстојниот период ќе покаже силна грижа кон наставниот кадар, најави премиерот Никола Груевски пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ денеска.

„Наскоро Владата ќе излезе со стипендии за наставници кои ќе се запишат на најдобрите топ 200 универзитети во светот. Додека таму се образуваат, нивниот работодавец е задолжен овде да им го чува работното место. Наскоро ќе започне и ќе биде објавена многу важна реформа. Македонските училишта ќе имаат соработка со училишта од други земји за размена на наставен кадар“, рече Груевски.