Објавен конкурс за стипендии за студии на најреномираните универзитети во светот
Државата ќе ги покрива сите трошоци за студии на најреномираните универзитети во светот. Највисоката стипендија изнеува 40 илјади долари. Студентите од денес можат да аплицираат, огласот трае до 1-ви септември 2016-та година...

Кембриџ, Oксфорд, Јеил, Шефилд на чекор до македонските студенти. Државата ќе ги покрива сите трошоци за студирање на најреномираните 100 универзитети во светот. Од денес сите студенти ќе може да аплицираат на огласот за стипендиите, но треба да исполнат неколку услови. Најголемата стипендија изнесува 40.000 долари. Македонија e единствена во регионот која доделува стипендии за најпрестижните универзитети според Шангајската листа, рече заменик-министерот Ристовски.
Огласот е објавен на интернет страницата на Министерствоито за образование и ќе трае до први септември 2016 – та. Студентите имаат обврска по завршувањето на студиите, да се вратат и да работат во земјава, двојно повеќе време од поминатото на студии.
Стипендиите се доделуваат петта година по ред. Досега 150 македонски студенти ја искористиле можноста да студираат на најреномираните универзитети во светот.
Викторија Милевска
