Папата во историска посета на Кенија, повика на меѓурелигиски дијалог
Папата Францис од Кенија порача дека христијанските и муслиманските верки лидери треба да почнат меѓусебен дијалог, како одговор на нападите од екстремистите. Побара во светот полн со омраза, тие да бидат пророци на мирот. Нема оправдување за луѓето кои убиваат во името на верата...

Папата Фрацис во историска посета на Кенија. Околу 300.000 верници во Најроби присуствуваа на првата јавна миса која Папата ја служи во Африка. Пред верниците папата го осуди радикализирањето на младите луѓе.
„Често млади луѓе се радикализираат во името на религијата, за да сеат раздор и страв“, рече папата Францис.
Повика на меѓурелигиски дијалог во борбата против тероризмот и ги покани претставниците на различните религии да соработуваат и да дејствуваат како мировници.
„Односите меѓу различните религии се предизвик, сите верници имаат иста верба кон бога. Но неговото свето име не смееме да го користиме за да ја оправдаме омртазата и насилството“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата го осуди варварските напади кои се извршуваат во името на бога, и ги повика муслиманите, католиците и протестантите да се обединат во борбата против тоа зло, при што потенцираше дека божјото име никогаш не треба да биде искористено за оправдување на омраза и насилство.
Папата Францис терористичките напади во Париз ги нарече дел од трета светска војна и и дека нема никакво верско или човечко оправдување за постапките. Во рамки на посетата на Кенија, папата Франциск оствари средба и со кенискиот претседател Кениата и со други владини претставници.
Во рамки на туренејата папата ќе ги посети и Уганда и Централноафриканската Република.
Марија Петковска
