Отворен повик за практикантство
Отворен е повикот за практикантство. Корисниците на мерката, млади луѓе до 29 години, добиваат по 6.200 денари месечно. Проектот се реализира во партнерство со Европската унија...

Компаниите кои што сакаат да го зголемат бројот на вработени ќе можат да ангажираат млади лица до 29 години преку мерката за практиканство. Проектот се работи со Европската унија и веќе дава резултати.
Практикантите добиваат месечно по 6.200 денари, со вклучено осигурување, а потоа компанијата одлучува дали да ги задржи на работа. Со мерката се предвидува работодавачот да го ангажира невработеното лице три месеци во период кој ќе може да го обучи, со опција и да го вработи.
„Агенцијата за вработување во период од три месеци исплаќа месечен надоместок од 6.200 денари за лицата коишто ќе бидат ангажирани како практиканти, а по истекот на овој период самата компанија одлучува дали ќе ги задржи тие лица во редовен работен однос. Иако не постои законска обврска согласно условите од овој закон компанијата да ги задржи во работен однос. Компаниите кои ќе одлучат да задржат лица коишто биле на практикантска одлука кај нив може понатаму да ги користат поволностите од проектот „Македонија вработува“ во одреден временски период и на тој начин да бидат ослободени од плаќање на персонален данок и останатите давачки“, изјави владиниот портпатол Алексанар Ѓорѓиев.
Искуствата потврдуваат дека над 65 проценти од практикантите остануваат на работа што е значајно за зголемување на вработеноста. Компанијата треба да има најмалку двајца вработени, а бројот на практиканти зависи од вкупниот број на вработени лица во фирмата.
Заинтересираните работодавачи ќе можат формуларите за аплицирање да ги достават до Агенцијата за вработување.
Дијана Ценевска
