Попоски во Брисел на средба со Могерини

27.11.2015 10:09

Предизвиците и перспективите во европскиот интегративен процес ќе бидат главна тема на разговорите...

Шефот на дипломатијата Никола Попоски денеска во Брисел ќе оствари работна средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини.

Предизвиците и перспективите во европскиот интегративен процес ќе бидат главна тема на разговорите. Се очекува, во фокусот на разговорите да биде мигрантската и бегалската криза во Европа.