Ванхауте повикан на седницата на Анкетната за прислушувањето

27.11.2015 10:27

Од него вчера било побарано да се произнесе во врска со одлучувањето, односно гласањето на Претседателот на комисијата во случај на еднаков број гласови...

За денеска се најавени седници на три парламентарни комисии. На продолжението на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето се очекува да присуствува и  белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Од него вчера било побарано да се произнесе во врска со одлучувањето, односно гласањето на Претседателот на комисијата во случај на еднаков број гласови.

Ова е едно од суштинските прашања околу кое не можат да се договорат партиите, за да го донесат деловникот за работа.