Груевски на отварање на „Џонсон Контролс“ во Штип
20.01.2014 12:29
Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на свечено отворање на новата фабрика на „Џонсон Контролс“ во Технолошко индустриската развојна зона – Штип

Фабриката се простира на површина од 12.000 метри кавдратни, ќе вработува над 1.400 лица, а во неа компанијата инвестираше 20 милиони евра. „Џонсон Контролс“ во Штип ќе произведува автомобилски седишта и навлаки.
Ова е втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Првата е лоцирана во индустриската зона „Бунарџик“.
„Џонсон контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Компанијата е присутна во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.
