МВР: За 24 часа издадени 2.724 потврди за азил

27.11.2015 11:21

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 1.503, Авганистан- 777, Ирак- 442 и други во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.724 странски државјани, од кои 1.251 се од машки пол, 553 се од женски, 704 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 216 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 1.503, Авганистан- 777, Ирак- 442 и други во помал број.

Досега МВР издала потврди на вкупно 284.299 странски државјани, од кои, 164.822 се од машки пол, 44.250 се од женски, 59.924 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.303 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-171.341, потоа Авганистан-66.165, Ирак-25.358, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-453, Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 80 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.