Ердоган бара состанок со Путин

27.11.2015 11:35

Предлогот на турската страна за состанокот на ниво на шефови на државите е упатен дo претседателот, тоа е се што можам да кажам, изјави потпаролот на Кремљ за медиумите...

Кремљ денеска соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин, во Париз на 30 номеври.

Предлогот на турската страна за состанокот на ниво на шефови на државите е упатен дo претседателот, тоа е се што можам да кажам, изјави потпаролот на Кремљ за медиумите.

Путин и Ердоган, како штo е најавено, ќе присуствуваат на глобалниот самит за климатски промени во Париз, кој ќе започне на 30 ноември, наведуваат медиумите.