Натпревар во пивтии во Куманово

20.01.2014 12:37

Со служење на пивтии и со предавање на кумството за наредната година мултимедијалниот центар Карпино ја прослави дванаесетата по ред ,,Пивтијада,“ во населбата Карпош.

Годинава се подготвени 450 чинии пивтии во кои се употребени повеке од 80 килограми разни видови месни производи.

Во натпреварувачкиот дел учествуваа 11 кумановки за наградата најдобро приготвена пивтија. Една од учесничките вели дека тајната на добрата пивтија не е во местото туку во коските и сржта.

Поради големиот интерес годинава беа избрани двајца кумови кои догодина ќе имаат задача да ја афирмираат Пивтијадата за да стане уште помасовна.

Пред 5 години здружението подготви пивтија за Гинисовата книга на рекорди која беше тешка 270 килограми.

Новинар:  Габриела Димковиќ

Снимател: Предраг Велиновски