Грција ја обвини Македонија за „произволно филтрирање“ мигранти
Грчките медиуми ја пренесуваат оваа изјава на Tоскас која „главно се однесува на ситуацијата во Идомени“ на границата меѓу Грција и Македонија...

Грција ја обвини Македонија за „произволно филтрирање“ на мигранти и бегалци кои се обидуваат да влезат во Eвропа, што според грчкиот заменик- министер за цивилна заштита, Никос Тоскас е спротивно на принципите на Eвропската унија.
Грчките медиуми ја пренесуваат оваа изјава на Tоскас која „главно се однесува на ситуацијата во Идомени“ на границата меѓу Грција и Македонија каде „стотици мигранти од Ирак, Сомалија, Пакистан и Бангладеш се блокирани бидејќи северниот сосед на своја територија пушта само државјани на Сирија, Ирак и Авганистан“.
Се согласувам да се вратат мигрантите во земјите кои не се во војна, но прво треба да се склучи договор со тие земји, изјавил грчкиот- заменик министер за цивилна заштита.