Мигрантска криза: Состојбата на границите стабилна

27.11.2015 13:16

На југот, кај граничниот камен 59 состојбата е без промени. Се пропуштаат само државјаните кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак...

Состојбата на јужната и северната граница е стабилна и мирна информираат од МВР. На Табановце нема задржување. На југот, кај граничниот камен 59 состојбата е без промени. Се пропуштаат само државјаните кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак.

На грчката страна има околу 1.000 економски мигранти на кои не им е дозволен влез. Тие доаѓаат од Пакистан, Сомалија, Мароко и од Африканските држави.  Состојбата е мирна за разлика од вчера кога имало неколку поединечни обиди за поминување насила на македонска територија. Припадниците на полицијата и армијата  биле гаѓани со камења. Ситуацијата за кратко време била ставена под контрола.

Во изминатите 24 часа полицијата издала 2.724 потврди. Најмногубројни се Сиријците. Меѓу нив има и 216 деца кои патуваат без родители. Од јуни годинава, издадени се  284.299 потврди за поднесување барање за азил. До секторот за азил се поднесени 80 барања.

Од почетокот на мигрантската криза низ земјава минале над половина милион мигранти кон земјите од Европската Унија. Тој тренд оди нагоре, информираат надлежните. Европската унија со препораки да се регистрираат и евидентираат мигрантите и да се пропуштаа само оние кои доаѓаат од земји каде има воени дејствија.