Париз: Комеморација во спомен на жртвите во терористичките напади
27.11.2015 13:23
Претседателот Оланд кој присуствува на комеморацијата побара зградите да бидат украсени во националните бои, при што потенцираше дека земјата ќе одговори на нападите со песни и посетување на концерти и стaдиони...

Со едноминутно молчење денеска во Париз почна комеморација во спомен за 130-те луѓе кои загинаа во тероистичките напади пред две недели.
Претседателот Оланд кој присуствува на комеморацијата побара зградите да бидат украсени во националните бои, при што потенцираше дека земјата ќе одговори на нападите со песни и посетување на концерти и стaдиони.
Ние ќе направиме се за да ги уништиме овие фанатици, додаде Оланд. На комеморацијата присуствуваат и преживеаните од нападите како и дел од семејствата на жртвите.
