Ванхауте: Напредок во преговорите за медиумите
Белгиецот вели дека целта е законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, на Советот На Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот...

Постигнат е напредок во преговорите на работната група за медиумите – тврди белгискиот олеснувач во процесот, Питер Ванхауте. Според него, политичките партии ги земале во предвид сите предлози од консултациите со засегнатите страни.
Белгиецот вели дека целта е законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, на Советот На Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот.
Вечра, претставници на новинарите протестираа пред Клубот на пратеници кадешто се одвиваат преговорите, со барање еснафот да биде вклучен во преговорите на работната група.
