Утврдена листата на кандидати за членови на ДИК
12 кандидати се на предлог на политичките партии, а 40 кандидати се пријавиле како експерти...

До крајот на следната недела се очекува да биде познат составот на Државната изборна комисија (ДИК) откако ќе минат сите рокови за изјаснување на политичките партии по денешното утврдување на листата на кандидати за членови на ДИК.
12 кандидати се на предлог на политичките партии, а 40 кандидати се пријавиле како експерти. На листата на кандидати предложени од политичките партии се актуелните членови на ДИК, со исклучок на претседателот на Комисијата, потоа адвокатот Игор Милев, Викторија Аврамовска Мадиќ, Надиша Ибраими, поранешниот пратеник Есад Рахиќ, Ирина Петровска и актуелната пратеничка Силвана Бонева.
Во новиот состав на ДИК треба има тројца членови предложени од партиите кои освоиле најмногу гласови на последните избори и од партиите во опозиција кои што освоиле најмногу гласови и тројца експерти.
Претседателот и потпретседателот на ДИК според измените на Изборниот законик треба да бидат од редот на експертите.
