Почна шопинг лудилото во САД

27.11.2015 14:10

Сите сакаат да купат што повеќе работи за помалку пари. Некои дури и спијат во шатори за први да ги искористат попустите...

Шопинг лудило во Амерка. На таканаречениот „црн петок“ купувачите со трчање влегуваат во продавниците уште во раните утрински часови, и се тепаат за производите кои имаат најголем попуст.

Сите сакаат да купат што повеќе работи за помалку пари. Некои дури и спијат во шатори за први да ги искористат попустите. „Црн петок“ е по Денот на благодарноста, ден кога и официјално почнува празничната шопинг сезона во САД.

Се очекува американците годинава на подароци да потрошат 80 милијарди долари.