Тандер и Спарс се борат за превласт на Западот
20.01.2014 12:39
Оклахома победи против Сакраменто, Сан Антонио во дуелот со Милвоки, со што овие две екипи остануваат во чекор со Портланд, за најдобриот скор во Западната конференција.
Тандер ги совладаа Кингс (108:93), Кевин Дјурант постигна 30 поени со 9 асистенции, 6 скокови и 4 украдени топки. Дури седуммина кошаркари на Сан Антонио беа двоцифрени против Милвоки (110:82), а поразената екипа останува без триумф во новата година.
Сан Антонио води со 32/9, пред Портланд со 31/9 и Оклхаома со 31/10.

Орландо ја прекина низата од 9 порази, со победата против Бостон (91:93). Победникот го предводеше Грин, со 22 поена.
Лејкерс конечно заиграа, се вратија по двоцифрена негатива и славеа на гости кај Торонто (102:106). Јанг постигна 29 поени, Гасол имаше 9 скокови.
Феникс се радуваше против Денвер (117:103). Рендолф имаше 19 поени, Хиксон 13 скокови, а Лосон дури 14 асистенции.