Метео: Стабилизирање на временските услови за викендот
27.11.2015 14:18
Утре во претпладневните часови сеуште ќе има слаби врнежи во западните делови од земјава...

Во текот на викендот не очекува постепено стабилизирање на временските услови.
Утре во претпладневните часови сеуште ќе има слаби врнежи во западните делови од земјава, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и стабилно време со умерен северен ветер.
И во недела претпладне ќе има услови за провејување на слаб снег во западните региони, попладне ќе биде стабилно и ветровито со повремено засилен северен ветер.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
