Во бродолом кај Турција настрадале шест деца

27.11.2015 14:20

Поради лошото време во Егејско море, на пат кон островот Кос, прво се превртел еден дрвен чамец во кој имало 20-тина луѓе...

Недалеку од турскиот брег изутрината се превртеле чамците кои ги пренесувале бегалците при што се удавиле 6 деца.

Поради лошото време во Егејско море, на пат кон островот Кос, прво се превртел еден дрвен чамец во кој имало 20-тина луѓе.

Државната агенција Анадолија наведува дека повеќето бегалци, со помош на спасители, успеале да дојдат до брегот. Но, две сестри на возраст од 4 и од 6 години се удавиле. Не е познато какво државјанство имаат.

Неколку часа подоцна, недалеку од градот Ајваџик, потонал друг чамец со 55 бегалци од Сирија и од Авганистан, при што се удавиле 4 деца од Авганистан.

Ајваџик е главното место од каде што мигрантите и бегалците преминуваат до Лезбос.