Оланд: Франција ќе направи сѐ за да ја уништи армијата фанатици
Со звуците на Марсејезата, следена со песната на Жак Брел „Кога имаме само љубов“ и „Перлимпинпин“ на Барбара, додека портретите на 130 жртви се појавуваа на екранот во дворот на Инвалидите во Париз, им беше оддадена почит на жртвите во терористичките напади од 13 ноември.

Пред околу 2.000 лица, на кои беше видлива тагата, меѓу кои семејствата на загинатите, прежиевани, припадници на силите на редот, спасувачките екипи, дипломасткиот кор и владата, беа прочитани имињата на 130 жртви, 350 ранети за кои денес се жалеше во Франција, но и во уште 17 други држави. Просечната старост на жртвите беше 35 години, тие зад себе оставија 52 сирачиња на возраст од неколку месеци до 15 години.
„13 ноември е ден кој никогаш нема да го заборавиме, Франција беше кукавички нападната, во организиран воен акт подготвен надвор и ладнокрвно извршен. Ордата уби 130 и рани стотина во име на една луда кауза и изневерен бог“ – порача претседателот Франсоа Оланд.
Испраќајќи порака на сочувство и солидарност до загинатите, Оланд видно трогнат од драмата со која се соочува неговата нација, вети:
„Ви ветувам дека Франција ќе направи сѐ за да ја уништи армијата фанатици кои ги направија овие злосторства, дека ќе дејствува непрекинато за да ги заштити своите деца. Ви ветувам исто така дека Франција ќе остане иста како онаа што ја сакаа изчезнатите.“
Свеченоста заврши повторно со Марсејезата.
На дипломатски план, Париз се обидува да ја зацврсти коалицијата против Исламската држава, како најавата на Лоран Фабиус дека во неа е можно да биде вклучена и армијата на Башар Ал Асад.
Истовремено во Стразбур, Советот на Европа беше информиран од Париз, дека Франција времено отстапува од Европската конвенција з ачовекови права. Ова поради извесесен број на мерки донсени во рамките на вонредната состојба воведена по големите терористички атентати во Париз, некои од овие мерки можат да имаат потреба од дерогација – отстапување од извесни права гарантирани од Европската конвенција за човекови права.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ
