Успешно спроведените реформи и избори да бидат наградени од ЕУ
Шефот на дипломатијата Никола Попоски денеска во Брисел имаше работна средба со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Федерика Могерини.

Успешно спроведени реформи и одржување на успешни избори во април следната година, ќе резултираат со награда од страна на ЕУ за нашата земја во однос на евроинтеграците- ова е ветувањето што високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, му го даде на македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, денска во Брисел.
„Од Брисел очите се разбира дека се насочени кон успешно спроведување на политичкиот дијалог и во тој поглед, како и во делот на реформите, така и во спроведувањето на изборите на 24-ти април 2016-та година, се нешто од што ќе зависи оценката за следните чекори. Во тој дел нема простор за никакви изговори и тука работите се во наши раце. Од друга страна доколу тоа биде успешно завршено, во што веруваме дека постојат услови да биде спроведено, тогаш нема да има никакви изговори ни од страна на ЕУ за таквото однесување да не биде наградено“, изјави шефот на дипломатијата Никола Попоски.
Заеднички заклучок е дека сегашниот стаус кво е неодржлив, и дека замрзнатата ситуација, може да води само кон негативни сценарија- рече Попоски и додаде дека по успешно спроведените избори догодина, одговорноста ќе остане на европските партнери.
Ова не е прво големо ветување на ЕУ. Останува Република Македонија да ја заврши домашната задача, по што би требало да следи она што Европската комисија веќе седма година по ред го препорачува – одпочнување на преговите со Унијата.
Во однос на мигранската криза, министерот оценува дека ниту една од стратегиите на ЕУ не функционира во целост. На денешниот сосотанкот со Могерини, тој побара јасни насоки за мерките што ги преземаат земјите- членки на ЕУ во правец на одвојување на економските мигранти од оние што имаат право на азил.
Република Македонија ја презема одговорноста во делот на спречување на нелегалните преминувања на границата, но воедно, Попоски посочи и дека тие во нашата земја доаѓаат од држава- членка на Унијата и дека неможе да преземеме обврска за решавање на проблемот што самата Унија го нема решено.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
