Груевски: Вложуваме во образованието на младите и во нивната иднина

27.11.2015 15:24

овите преведени дела се од областа на економијата, правото, природно- математичките науки. Вложуваме во образованието на младите и во нивната иднина, изјави на промоцијата премиерот Груевски...

Нови 14 дела од едицијата превод на 1.000 стручни и научни дела беа промовирани од премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски. Новите преведени дела се од областа на економијата, правото, природно- математичките науки. Вложуваме во образованието на младите и во нивната иднина, изјави на промоцијата премиерот Груевски.

„Инвестирањето во образованието, науката, знаењето, младите и иднината на Македонија и понатаму останува еден од главните приоритети на Владата. Во оваа смисла повеќе години наназад спроведуваме проекти кои на нашето општество ќе му донесат нови вредности. Еден од тие проекти е и проектот за певод на 1.000 стручни и научни книги и учебиници, сега веќе преминува во 1.200, од кои се учи на највисоко рангираните 10 универзитети во светот“, рече на промоцијата премиерот Никола Груевски.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека иако реализацијата на овој проект е во завршна фаза, книжниот фонд ќе продолжи да се надополнува.