Промовирани нови 14 стручни и научни дела

27.11.2015 16:29

Инвестирањето во образованието останува врвен приоритет. Наша должност е да им ги овозможиме сите услови за квалитетен развој на младите, рече премиерот Никола Груевски на промоцијата...

Од развој на економијата, преку обновливи извори на енергија до комплексност на пресметувањата. Промовирани се 14 нови книги од едицијата превод на 1.000 стручни и научни дела. Преведени се научни трудови од природно- математичките науки, бизнисот, правото. Инвестирањето во образованието останува врвен приоритет. Наша должност е да им ги овозможиме сите услови за квалитетен развој на младите, рече премиерот Никола Груевски на промоцијата.

„Еден од главните адути на нашиот напредок  и економски развој е токму човечкиот фактор, образованието и создавањето квалитетни кадри со високо ниво на знаење, кои ќе ја повлечат државата напред во сите полиња од значење за подобар живот“, изјави премиерот Никола Груевски.

Освен во наставно научниот процес, оваа литература е корисна за секој што сака да го надгради своето знаење, изјави заменик- министерот за образование Спиро Ристовски.

„Зголемувањето на пристапноста до најсовремената стручна и научна литература, значи доближување до врвната светска и академска мисла, но и поттикнвуање учество во меѓународниот интелектуален дијалог во најразлични области“, рече Ристовски.

До сега преведени се вкупно 933 научни дела. До крајот на годинава ќе бидат промовирани уште 50.

 

Миле Ристески