Путин ја игнорира Анкара додека не се извини

27.11.2015 17:14

Помошникот на Путин, Јуриј Ушаков изјави дека Кремљ добил барање од Анкара за можен состанок меѓу двајцата лидери на Конференцијата за климатските промени...

Рускиот претседател Путин одби да контактира со турскиот претседател Ердоган бидејќи Анкара не сака да се извини за соборувањето на рускиот авион.

Помошникот на Путин, Јуриј Ушаков изјави дека Кремљ добил барање од Анкара за можен состанок меѓу двајцата лидери на Конференцијата за климатските промени која ќе почне на 30 ноември во Париз и каде што се очекува Путин да се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху во врска со сириската криза и израелско-палестинскиот судир.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека од први јануари идната година ќе биде воведен визен режим за турските граѓани, додека пак Путин ги повика граѓаните на Русија да не ја посетуваат Турција.