Краен рок за субвенции за плати на овчари
Денеска е последниот рок за поднесување на барањата за субвенционирање на плати за овчарите. Сточарите кои го напасуваат добитокот можат да конкурираат за субвенционирање на платите во висина од 80 проценти од месечната бруто плата. Барањата можат да ги доставуваат до крајот на идниот месец...

За чување и напасување на добитокот овци, кози или говеда на пасиште и ливади кое се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на плати. Поддршката изнесува 80 проценти од просечна месечна бруто плата во дејноста во период од први ноември 2014 до 31 октомври годинава.
Поддршката е неповратна, а се доделува за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или за 80 говеда.
Право на користење имаат регистрираните земјоделски стопанства, а огласот ќе трае до 30 ноември 2015 година.
Во просек годишно за оваа мерка се исплаќаат по 5 до 6 милиони денари.
Методија Трајков
