Брисел: Постигнат договор за решавање на мигрантската криза

30.11.2015 09:57

Претседателот на Европскиот Совет, Туск, првиот човек на Европската Комисија Јункер и турскиот премиер Давутоглу соопштија дека е утврден акциски план за справување со проблемот со мигрантите, при што Анкара ќе добие три милијарди евра за потребите за бегалците сместени во камповите во Турција, со можност за зголемување на сумата...

Учесниците на самитот ЕУ-Турција постигнаа договор за начините за надминување на мигрантската криза. Претседателот на Европскиот Совет, Туск, првиот човек на Европската Комисија Јункер и турскиот премиер Давутоглу соопштија дека е утврден акциски план за справување со проблемот со мигрантите, при што Анкара ќе добие три милијарди евра за потребите за бегалците сместени во камповите во Турција, со можност за зголемување на сумата.

За возврат Турција се обврза да го запире приливот на мигранти од нејзина територија кон Европа. Јункер најави и дека до 15 декември еврокомисијата ќе подготви план за прераспределба на дел од мигрантите од Турција на територијата на ЕУ.