Ново продолжение на седницата за деловникот за Анкетната комисија

30.11.2015 10:10

Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и има напредок во усогласувањето на ставовите...

Во Законодавниот дом, ново трето продолжение на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето. На дневен ред, деловникот за работа. Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и има напредок во усогласувањето на ставовите.

Сепак, и натаму, двојниот решавачки глас на претседателот на Комисијата е камен на сопнување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нема усогласеност ниту за ставот во деловникот за директен пренос на седниците на Собранискиот канал, ниту за времетраењето и за начинот на испрашувањето на сведоците.

Дали ќе има консензус за усвојување на деловникот е неизвесно, но она што е јасно е дека извештајот за работата, комисијата треба да го подготви до крајот на јануари.