Сообраќајот по наместа влажни коловози
30.11.2015 10:15
Поради магла, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Охрид–Кичево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија...

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Поради магла, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Охрид–Кичево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Во клисурите и засеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
