МВР: За 24 часа издадени 1.941 потврди за азил

30.11.2015 11:15

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан-1.267, Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан-1.267, Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 292.733 странски државјани, од кои, 168.828 се од машки пол, 45.816 се од женски, 62.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.620 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија-174.185, потоа Авганистан-69.909, Ирак-27.201, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.