Лондон: Нема мнозинство за напади врз Исламска држава
Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин е против бомбардирање на ИД на територијата на Сирија, но половина од неговиот кабинет ја подржува владата и се заканува со оставки...

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон изјави дека владата во Лондон се уште нема обезбедено мнозинство во Долниот дом на Парламентот за поддршка на планот за вклучување на кралското воено воздухопловство во нападите на позициите на Исламска држава во Сирија.
Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин е против бомбардирање на ИД на територијата на Сирија, но половина од неговиот кабинет ја подржува владата и се заканува со оставки.
Се очекуваа оваа недела на дневен ред да се најде гласањето за владиното барање за проширување на мисијата на британските воени авиони во воздушните напади и врз Сирија, а не само врз Ирак.
